Кандидатски листи во ДИК за учество на изборите сепак ќе има

Иако се очекуваше ниту една политичка партија да не поднесе кандидатски листи до рокот кој според Роковникот на ДИК устекува утре, сепак, повеќе помали политички партии најавија дека ќе учествуваат на изборите.
Додека најголем дел од партиите тоа само срамежливо го најавуваат, Јанко Бачев и неговата НДМ најавуваат дека листите ќе ги поднесат утре во 13 часот, за кога закажа и прес конференција во ДИК.
Од СДСМ се децидни дека нема да учествуваат на изборите. Лидерот Заев рече дека се решил на таков чекор за да не се случи да победат во соочувањето со граѓаните, а потоа Груевски и Ахмети да не му ја признаат победата.
Од ВМРО-ДПМНЕ последниот став беше дека ќе учествуваат на изборите, но по последниот развој на настаните виси во воздух прашањето дали најголемата партија во МАкедонија воопшто ќе достави листи, особено ако се знае дека ДУИ и ДПА, иако неофицијално, сепак најавија дека нема да учствуваат на изборите.
Рокот за поднесување на кандидатските листи истекува утре на полноќ.
Македонија памети и ситуации кога овој рок се продолжувал. Тоа се случи на локалните избори 2013 година.

 
 
10.05.2016 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега