Каракамишева: Бојкотот на изборите е бегање од граѓанското соочување

Мора да се заокружи договорот од Пржино, односно да се задржи терминот што беше утврден од страна на четирите политички партии во Македонија, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева, во отвореното студио на ТВ Нова.

-Многу е битно да се утврди позицијата на политичките партии. Од она што се случуваше во изминативе две години видовме дека правниците не го прифатија со најголемо задоволство договорот од Пржино, но видовме дека истиот беше имплементиран во нашиот правен систем и покрај недоследностите. Уште пред две години кажав дека договорот е класичен политички спин, кој треба да одработи за други политички цели. Меѓутоа тој е неопходен и се друго е отстапување од правната рамка и во никој случај не е добро за Македонија, рече Каракамишева.

Според неа, не може да му се верува на политичар кој си го погазил сопствениот збор.

-Како да и се верува на оваа четврка, кога инсистираа на договорот од Пржино, а сега три партии (СДСМ, ДУИ и ДПА) се тргнаа настрана и не сакаа да ја стават круната од договорот, односно да одат на парламентарни избори. Секој оној кој излегува од тие обврски за мене е некредибилен лидер, си го погазува зборот и она што го ветил. Токму затоа ако се изроди нешто надвор од договореното, тогаш за мене, но и за граѓаните кои очекуваат епилог ќе биде некредибилно, додаде таа.

Според неа секој оној кој бега од избори треба да биде казнет, а бојкотот е бегање од граѓанското соочување, затоа што бегството е најголем удар за демократијата.

 
 
06.05.2016 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа