Почина еден од најпознатите битолчани

По кусо боледување почина Христо Ѓоргиевски-Спанаќот, објави „Битолски весник“. Спанаќот е познат најмногу по неколкуте кандидатури на редовните или предвремените локални, парламентарни, како и изборите за градоначалник на Битола.

Според весникот Спанаќот починал како резултат на последиците од повреда при удар на автомобил. По ударот бил хоспиотализиран и му биле санирани повредите и му било препорачано мирување. Но, тој своеволно ја напуштил болницата, по што неговата здравствена состојба се влошила. Сите напори на лекарите од Клиничката болница во Битола биле залудни.

158876-pochina-spanakjot

Христо Ѓоргиевски Спанаќо е погребан на Буковските гробишта, на на погребот присуствувале само неколку мина пријатели и познаници.

 
 
06.05.2016 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега