Средба Груевски- Петир: Со избори ќе се реши политичката криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Никола Груевски денес  оствари средба со пратенчката од Европскиот парламент Маријана Петир која е и претседател на неформалната група на пријатели на Република Македонија од Европскиот Парламент.

 Двајцата соговорниците разговараа за стратешките цели на државата, евроатланските интеграции, и за актуелните случувања врзани со политичката криза во Република Македонија.

 

 Во поглед на интеграциските процеси Груевски посочи дека стратешки интерес е членството во Европската Унија и НATO алијансата и континуирано се преземаат чекори поврзани со реформската агенда во насока на исполнување на критериумите. На тој план Груевски се заблагодари за ангажманот и посветеноста на неформалната група на пријатели на Република Македонија која дејствува во Европскиот парламент, а чиј претседател е токму Петир.

 

 Во однос на политичката криза Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е силно насочена кон изнаоѓање на решенија и начин за излез од таквата состојба. Тој посочи дека најсилен интерес на граѓаните е таквата криза наметната од СДСМ да биде што побрзо надмината и да се врати државата на патеките на економскиот развој и прогрес. Истовремено на тој план треба да биде почитувана и волјата на граѓаните како најсилен критериум и оценка во дејствувањето на политичките субјекти во државата, истакна Груевски.

 

 Европратеничката Петир посочи дека е потребно придржување до договорот од Пржино и преземените обврски од него, притоа истакнувајќи дека изборите се начинот за излез од политичката криза. Таа  акцентираше дека потребно е да се почитува волјата на граѓаните и на легитимен начин таа да се изрази на избори.

 
 
06.05.2016 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа