Во велешкото село Отовица отворен Дом за пензионери

Здружението на пензионери од Велес  денеска на празникот Ѓурѓовден го пушти во функција Домот за пензионери во велешкото село Отовица во близина на Велешкото Езеро Младост.

Домот е целосна реконструкција на поранешната Општинска – административна зграда во која било сместено Матичното одделение во село Отовица. Таа била изградена во педесеттите години на минатиот век, а функционирала  се до 1968 година кога била напуштена.

Како што информира за МИА, Веле Алексоски претседател на Здружението на пензионери, тие со сопствени средства во висина од 20 илјади евра извршиле целосно надворешно реконструирање на старата запуштена зграда, а набавен е и нов мебел за опремување на домот. Зградата е со 130 метри квадратни и има три простории: сала за состаноци,кујна,трпезарија.

– Освен за дружења на пензионерите и младите од село Отовица таа ќе служи и за состаноци на Месната заедница и други потреби за жителите од село Отовица и околните 12 населени села  во околината на Езерото Младост односно селата Сујаклари,Маматчево,Иванковци,Кумарино и останатите.Овој Дом ќе има регионално значење за жителите од овој регион во повеќе области од локалното живеење. Воедно  во соработка со општина Велес планираме во него наскоро  да се извршуваат и некои административни потреби на жителите,информира Алексоски.

Според плановите на Здружението на пензионери од Велес, како што информира претседателот  Веле Алексоски, се планира и изградба на Воздушна бања за пензионери во село Ораовец, а идната година и Дом за пензионери во селото Подлес.

 
 
06.05.2016 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега