Лоши вести за викендот

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со локален краткотраен дожд и со можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.  

Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната до 22 степени.

Во наредните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има зголемување на облачноста, со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во сабота кога нестабилноста ќе биде поизразена. Температурата на воздухот ќе биде во постепено покачување.

 
 
06.05.2016 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега