Трпевски: НБРМ има доволно инструменти за да се брани курсот на денарот

Поранешниот гувернер на НБРМ, Љубе Трпевски во отвореното студио на ТВ Нова истакна дека курсот на денарот се уште е реален и се води политика на фиксен курс.

nbrm

-Народната банка на Република Македонија има доволно инструменти и девизни резерви за да се брани курсот. Мислам дека веќе е смирена ситуацијата и кулминацијата на паниката помина. Останува уште и политичката криза да биде решена и се надевам дека наскоро и тоа ќе се случи. Ако кризата продолжи не очекуваат алтернативни сценарија кои не се добри за државата. Сите мерки најавени се за зајакнување на позицијата на денарот. Каматите ќе бидат повисоки на денарските депозити и ќе се стимулира давње на денарски кредити, тоа се адекватни мерки бидејќи се е ставено во одбрана на денарот. Нема потреба од грижа, истакна тој.

 
 
05.05.2016 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега