Крива Паланка на нозе: ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ (Фото)

gdom kriva palanka1

Граѓаните на Крива Паланка вечерва масовно излегоа на собирот во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија и испратија порака дека изборите треба да се одржат на 5-ти јуни, а со тоа да се стави крај на политичката криза во која СДСМ ја втурна Македонија. ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ, порачуваат кривопаланчани.

gdom kriva palanka

gdom kriva palanka2

Покрај во Крива Паланка, големи народни собири во организација на ГДОМ вечерва има и во Градско, Радовиш, Кочани, Битола и Ресен.

-Народот е на нозе и е обединет околу идејата дека избори мора да има и дека само изборите се патот кон завршување на кризата. Денеска за своето врвно демократско право сами да одлучуваат за својата иднина на избори ќе ја пратат граѓаните од Градско, Радовиш, Крива Паланка, Кочани, Битола и Ресен.Избори се единственото начин за ставање крај на агонијата во која се наоѓа Македонија. Македонија е обединета во еден глас: ова не смее да продолжи. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има! На изборите Македонија ќе победи! Сите собири започнуваат во 19 часот, велат од ГДОМ.

 
 
05.05.2016 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега