Помош за децата со говорни проблеми

Под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми” од денеска до 5 јуни се одржува нова голема акција и кампања во која тим од логопеди и дефектолози секојдневно ќе вршат бесплатни прегледи на децата кои имаат говорни нарушувања, потешкотии и проблеми, но и консултации со нивните родители и закажувања на неопходните вежби и третмани.

Прегледите и третманите ги вршат дипломирани логопеди и дефектолози во Логопедско-дефектолошкиот центар „Интеракција плус”, кој се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала во Скопје.

Како што информираат од здружението, пристапот и третманот е исклучиво индивидуален, а целта е, како што потенцираат, да се помогне на време и на секое дете посебно и да има што е можно помал број деца со говорни проблеми. 

 
 
05.05.2016 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега