ДС предлага одлагање на изборите и избор на експертска Влада

Демократскиот сојуз предлага свикување седница на Парламентот и одлагање на изборите, со што ќе се создадат услови за избор на експертска Влада, не политичка.

- Наместо да чекаме "странците" да нудат договори и ни ги разрешуваат нашите проблеми, предлагаме сите одговорни луѓе да седнат на маса и утврдат Платформа за излез од кризата која го блокира целокупниот систем, евроинтеграциските процеси, создава економска нестабилност и го нарушува нормалното одвивање на животот, рече на денешната прес-конференција Павле Трајанов, претседател на ДС.

Мандаторот, појасни Трајанов, да биде кандидат со високи професионални и демократски капацитет, без партиски багаж, кој ќе има слобода,  да го формира Владиниот кабинет од професионалци, а министрите самостојно  да ги формираат своите тимови.

Демократскиот сојуз повикува на политички дијалог во кој ќе бидат вклучени сите релевантни партии, граѓанскиот сектор, експертите, како и медиумите.

- Нема време за чекање, прв што треба да повлече потег е Ѓорге Иванов, да ја повлече аболицијата за креаторите на кризата и да влијае на смирување на состојбите, оценуваат од ДС.

 
 
03.05.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега