Заев: СДСМ е подготвен да се врати на преговорите

Ако бидат ставени на маса нашите услови, укинување на аболицијата и свикување на Собранието заради исполнување на условите за регуларни избори, ние сме конструктивен партнер во преговорите и ќе ги продолжиме преговорите за сите детали за решавање на политичката криза, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, коментирајќи ги најавите на ДУИ дека партиите ќе преговараат по Велигденските празници.

„И граѓаните, и вие новинарите знаете, дека конструктивниот фактор во целиот овој процес е опозицијата и ние остануваме да бидеме конструктивен фактор. Нашите услови јавно ги соопштуваме: укинување на аболицијата и свикување на Собранието заради исполнување услови за регуларни избори. Ако тоа биде ставено на маса, ние сме овде како конструктивен партнер во преговорите“, рече Заев.

Во врска со писмото кое наводно го испратил еврокомесарот Јоханес Хан до политичките партии, Заев вели дека не добил такво писмо.

„Тоа што јас го знам е континуитет на повторување на нивните ставови, услови за избори, поништување на актот за аболиција и секако одржување тогаш кога ќе се создадат услови за регуларни и демократски избори“, рече Заев.

 

 

 
 
03.05.2016 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа