Шилегов: Секој ден ќе ве фарбаме

Секој ден ќе ве фарбаме. Денеска ќе го фарбаме министерството за надворешни работи, порача денеска од пред Владата портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
Со тоа СДСМ и официјално потврди дека стои директно зад хулиганството и уништувањето на јавниот имот.
Опозициската партија е одговорна за нагрдувањето на голем број споменици во Скопје, меѓу кои и Пота Македонија и споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Скопје.

 

Граѓаните се револтирани. Велат дека секој има право да протестира но не смее да се дозволи хулиганство и уништување на заедничкото добро.

„Како би им било на функционерите на СДСМ ако некој тргне да ги „фарба“ нивните домови и да го оштетува нивниот имот. “ – коментираат тие.

„Можеби треба да му ја офарбаме куќата на Шилегов. Нека кречи малку тој наместо ние“ – вели еден граѓанин на социјалните мрежи.

 
 
25.04.2016 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега