Република: Почна сценариото на Заев за виткање на кичмата на државата

Платени дежурни протестанти, насилство врз институциите и државата, во толпата хулигани платеници од други држави, многу пари од СОРОС и соросовите колнски организации, протести на УЧК, и барања за рекомпонирање на државата од Беса која е коалициски партнер на СДСМ, како и желба по секоја цена за продлабочување на кризата наместо разговори и дијалог е на кратко описот со кој се сака да се свитка кичмата на државата, анализира Република.

Зоран Заев во 2008 година од позицијата вд престедател на СДСМ даде изјава дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да го реши проблемот со името.

–Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да „свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, истакна Заев.

8 години подоцна од истиот Заев државата е на работ со силно сценарио за виткање на кичмата. Воведот во тоа сценарио го направи истиот Заев кој ја разниша државата објавувајќи илегално снимани разговори. Многу е јасно дека појавувањето на истите тие материјали било со поткрепа на извесни странски служби чија цел ја гледаме две години потоа. Тенденција државата да е на колена, економски и политички истоштена со цел да биде спремна за компромиси.

protesti-1-1-640x360

Профилот на луѓе кои протестираат се платеници на СОРОС, странски елементи и платеници, навивачки хулигани, криминалци, и луѓе вработени во општините на СДСМ под закана за бркање носени на протести
Последно во низата се насилните протести кои се организирани од СДСМ и чадорот на организации на СОРОС. На протестите на СДСМ може да се забележат истите ликови и фронтмени на сите минати протести од оваа партија. Истите илјада луѓе кои вршат терор врз целиот град Скопје претходните две години.
Истите хулигани и организации кои ја нападнаа полицијата во мај минатата година во истото време кога терористичката група од Куманово се позиционираше во Диво Насеље. Одвлекувајќи го вниманието на полицијата СДСМ и СОРОС ја нападнаа, а резултатот освен направената штета имаше и повредени полицајци. Сега јавна тајна е дека за дневница од 50 евра па нагоре се платени истите луѓе да протестираат. Тоа се оние најжестоките кои се судруваат со полицијата, и кој прават штета врз објектите. Парите им ги исплаќаат помал број на познати блиски бизнисмени до СДСМ и соросови организации. Истовремено во неформалната организација на луѓе се јавуваат и познати криминалци од Скопје и градовите на кој Заев им има ветувано бизниси. Другата половина се луѓе кои се вработени во општините Центар, Струмица и Куманово кои секојдневно патуваат до Скопје под закана дека ќе ги загубат своите работни места доколку не дојдат на протест. За ова говорат и автобусите најчесто со Кумановски и струмички регистарски ознаки паркирани на различни места додека СДСМ протестира. Истовремено на самите протести има често присутни луѓе кои очигледно се државјани од други држави, што укажува од каде сето ова доаѓа.

viki-mladenova-640x360

Дека се во игра сериозна сума на пари со која се плаќаат протестантите на СДСМ пишува и главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас, кој прави паралела- кога контра нив ќе се собере народ, и тоа пет пати поброен, народот е навредуван, омаловажуван и исмеван. Сопствениот народ.
Велат, ВМРО ги собирал на јадица, им давале сендвич за да дојдат на нивните собири. Бедно. ОК дечки. Тие што вас ве водат, од Сорос и Канвас, примаат по десет илјади евра за секој протест. Да, десет илјадарчиња по протест. Тоа се отприлика дваесет илјади сендвичи секој ден. А вие ни хартијата од тие сендвичи ја немате за себе.

Па ако е за сендвичите, каде е народот да дојде за вашите сендвичи, за десет илјади евра дневно има многу сендвичи, а и да остане за прослава у кафеана потоа – пишува Латас.

Продавачите на скапа магла од Србија секојдевно присутни во штабот на СДСМ, но ниту тие не го перат Заев.
Република“ веќе објави дека белградска врска го советува лидерот на СДСМ. Според нашите сознанија повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството.

mavrakis-640x360

Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер. Тогаш објавивме дека Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“. Според сознанијата, Заев бил и прекорен да не се излетува пречесто со изјави, особено затоа што е политичар зад кој се провлекуваат низа афери.

Тоа е истата агенција која преку Фактор Ардиа плус пушта лажни анкети. Дури и на ваквите штелувани анкети Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните. Истите овие луше многу често се присутни во штабот.
Насилството и обезличувањето главен адут на СДСМ и СОРОС.

Многу е веројатно дека барем оваа генерација на политичари на СДСМ никогаш нема да понудат програма. Нивниот главен адут е насилството, нападот врз полицијата и фарбањето на спомениците што преставува обезличување на историјата на овој народ.

Во хулиганството, нападот на полицијата, сквернавењето на Порта Македонија, Министерството за култура – објект од триесетите години на минатиот век и низата напади учествуваше Алек Гошев, член на СДСМ и НВО „Аман“.
Во првите редови на насилните протести се најдоа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеникот од опозицијата Горан Сугаревски, како и поранешниот секретар на СДСМ Горјан Тозија. Меѓу хулиганите свое место најдоа и Љубомир Јосифовски пратеник од НСДП, Ѓуро Кешкец од СДСМ, Стојанче Ангелов од „Достоинство“, братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски и Бориан Афтимов од СДСМ на Центар.
По полицијата со металните заштитни огради удрија познатиот Душко млекарот, како и Илиевски кој е осуденик за силување на малолетно девојче.
Љуми Бекири од ЛГБТ кој учествуваше на многу протести, беше неизоставен дел и од овие насилни протести, како и Вики Младенова од Хелсиншкиот комитет.
Грците беа и во првите редови на насилните протести во Битола. Најредовен и во првите редови на протестите што ги организираат СДСМ и СОРОС е 54-годишниот Марвакис Атанасиос од Солун. Според објавите на неговиот профил на Фејсбук, може да се процени дека Марвакис Атанасиос е поддржувач на политиките на поранешниот министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис.
Обезличувањето на државата се врши преку системско уништување на нивните паметници
Зад таканаречената шарена револуција се крие истиот порив како и кај сите агресори кои сакаат да извршат упад и обезличување на еден народ а тоа е да ја избришат неговата историја и се она што се слави. Тоа е проивот на секој агресор секаде во светот. Фарабњето на порта Македонија претсавува уништување на трајните белези на државноста. Уништување на релјефите на партизаните, на децата бегалци како и Илинденците преставува обид за обезличување на државата. Само обезличена држава може да има и свиткана кичма. Истовремено се нападна и споменикот на АСНОМ каде се основоположниците на македонската држава, се обезличи и спомениците на пједа револуционери. Уништени се релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски и Григор Прличев. Удирањето по овие споменици преставува и газење на нивните дела, нивното значење и историјата. На удар се најдоа и објекти кој не се дел од Скопје 2014та што покажува дека во основата насилството не е насочено кон одредени цели туку станува траен белег и определба на СДСМ. Тие ја уништија и зградата на општина Битола, на град Скопје, на министерството за култура, зграда која е изградена во триесетите години на минатиот век. Штетите од хулганството на СДСМ се бројат во неколку стотици илјади евра. Партијата која не понуди програма понуди насилство кое граѓаните го плаќаат од својот џеб.
Сценариото на Заев осудено на пропаст, народот против виткање на кичма и федерализација
Рекомпонирање на државата е барање кое го испорача коалицискиот партнер на СДСМ Беса. Ова преставува логичен след на сите претходни заговарања за федерализација кои беа навестувани од Заев и првенците на СДСМ:
„Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“ беше насловот на колумната на еден од главните експоненти на СДСМ Бранко Героски, кој отворено заговара дека треба да се зборува за федерализација и за рекомпонирање на Рамковниот договор. Во колумната тој говори за локални влади, парламенти, за двоење на државата по етнички основи. Исто како Героски мисли и опозицискиот лидер Зоран Заев кој отворено побара на една косовска телевизија за рекомпонирање на рамковниот договор, официјализирање на двојазичност по сите основи, а Љубомир Фрчкоски исто така од СДСМ јавно побара Албанец за премиер.
Во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.
Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.
Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

Се обидовме неколку пати да играме на политики на патриотизам како партија на која не и приличи таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки играјќи на патриотски варијанти, ќе набројам неколку, законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат на нас социјалдемократите, рече Заев во една емисија на Алсат-М .

 

Народот ќе го порази сценариото на Заев
Повеќе од двојна предност за ВМРО-ДПМНЕ е резултатот од сите случувања. Разликата ја покажуваат сите рејтинзи и анкети. Граѓаните се против дестабилизација и се за заштита на својата држава. Ваквото однесување не му донесе ништо добро на СДСМ и Заев. Таа разлика се зголемува.
39.2 проценти од граѓаните би го дале својот глас за ВМРО – ДПМНЕ на изборите на 5 јуни, покажале резултатите од телефонската анкета на институтот Димитрија Чуповски. 14,9 отсто од граѓаните одговориле дека на изборите на 5 јуни својот глас би го дале за СДСМ, 29,5 проценти дале одговор незнам, а 15,5 отсто одговориле за ниту една од двете партии.
Според истата анкета, најголема доверба помеѓу граѓаните има Никола Груевски. 39,5 проценти од граѓаните го посчиле токму лидерот на ВМРО – ДПМНЕ како одговор на прашањето на кој од македонските политичари му верувате најмногу. 7,3 проценти од анкетираните имаат најголема доверба во Зоран Заев, 3,6 најмногу му веруваат на Бранко Црвенковски, 2,2 на лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, а само 0,4 отсто од анкетираните најмногу и веруваат на Радмила Шекеринска

 
 
25.04.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега