Втор ден протести: Петмина полицајци во болница - хулиганите на СДСМ повторно дивееја

Вчерашните протести против одлуката на претседателот Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза почнаа мирно, па ескалираа.

Петмина полицајци беа повредени од страна на демонстрантите на протестите на опозицијата кои дивееја пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред зградата на Владата. Насобраните носеа транспаренти со пораки насочени против Владата, против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и против претседателот Ѓорге Иванов.

Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат кон полицајците со пиротехнички средства, камења, стаклени шишиња. 

Како што информираат од градската општа болница „Свети Наум“, кај нив се примени двајца повредени полицајци.

Полицијата со солзавец и шок-бомби успеа да ги растера демонстрантите кои дивееја на улиците.

Петмина полицајци се во болница, а еден демонстрант е приведен.

 
 
15.04.2016 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега