Пречистувањето на избирачкиот список пред крај

Државната изборна комисија (ДИК), во четврток попладне го усвои извештајот за прогресот на теренските и административните проверки на избирачкиот список, за кој гласаа членовите на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, како и експертите, а против гласа членовите предложени од СДСМ.

 

Државната изборна комисија  се уште е далеку од завршување на работата, смета Игор Милев од СДСМ, бидејќи за уште многу граѓани податоците не се ажурирани.

На ова реагираше, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, која смета дека сите податоци досега се проверувани по три основи: лична карта, патна исправа и нивна вкрстена проверка.

Во следните денови, се очекува, надлежните органи да ги достават сите информации кои се бараат со дополнителните проверки, а од МВР да побара податоци за лицата  кои ги исполнуваат условите за запишување во избирачкиот список, односно да ги добијат податоците од вкрстената проверка од надлежните институции по основ на лични карти и патни исправи за кои се уште има несогласување меѓу членовите на комисијата.

Останува да се провери и базата на податоци по основ на живеалиште.

На крајот од седницата, пристигна уште еден извештај од МВР за прегледаните податоци, кој ќе треба да се разгледа и изгласа во петок, по што Државната изборна комисија ќе треба да констатира дали избирачкиот список ќе биде чист за изборите на 5 јуни.

Останува и да се проверат во МВР 106.000 граѓани за кои е несомнено дека постојат, но трајно или привремено се надвор од земјата, за да се утврди каде ќе гласаат.

 
 
15.04.2016 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега