Каква е состојбата со шумскиот пожар кој беснее во Битола?

Околу полноќ е изгаснат шумскиот пожар над Битола во познатата Лавчанска корија во атарот на селото Лавци. Како што информираат од Територијалната против пожарна единица Битола, со пожарот била зафатена површина од околу 10 хектари. 

Екипите десеттина часови се справуваа со шумскиот пожар над Битола, во атарот на селото Лавци. Гореше нискостеблеста шума, но за жал изгоре бор и смрека што инидицира дека станува збор за потпалување.

Локацијата кадешто избувна шумскиот пожар над Битола е позната и традиционална рекреативна зона на голем број вљубеници на планината, но по вчерашниот пожар – опустошена, нагласуваат од Против пожарната единица Битола.

 
 
15.04.2016 - 09:11
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега