Отворен ден на УКИМ

Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ насловена „Студирајте на нашиот универзитет!“ ќе се одржи денеска на платото во кампусот на Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите.

Манифестација е наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.

Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на научната дејност на Универзитетот, монографии, учебници, преводи и научни списанија. 

 
 
15.04.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега