Сценариото на Заев: Хаос на улиците, повреден новинар- хулигани дивеат низ Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

 

Батев е повреден во вечерашните насилни протести пред Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

Батев е повреден во глава извршувајќи ја својата професионална задача, во моментот кога насилните демонстранти се судрија со полицијата да го пробијат полицискиот кордон.

Преврзан е и префрлен на Ургентниот центар во Скопје, каде во моментов му ги санираат повредите на главата. Последните информации говорат дека се кршат прозорците и вратите на Министерството за правда, во центарот на Скопје.

Целосно е демолирана Народната канцеларија на Претседателот на РМ, а по упадот на демонстрантите во приземниот кат во Министерството за правда, интервенираше полициската единица ЕБР, при што има и уапсени насилни демонстранти кои го предводеле упадот во Министерството.

 
 
 
 
 
13.04.2016 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега