Пандов: Верушевски и Заев сакаат Македонија да ја стават на колена

Минатата година Македонија беше соочена со најдиректна закана за нејзината безбедност. Четири долги години луѓе вработени во државната безбедност контролирани и диригирани од Зоран Верушевски ја подривале безбедноста на Македонија, со една и единствена цел да ја оцрнат Република Македонија, да ги оцрнат функционерите што се на власт, да ги урнисат институциите, Република Македонија да ја стават на колена.

Ова вечерва го истакна аналитичарот Александар Пандов кој е дел од Граѓанското движење за одбарана на Македонија кое попладнево органзираше протест пред Собрание поради аболицирањето на Заев и Верушевски.

-Зоран Заев и Зоран Верушевски се двајцата главни актери за ова. Тие се крвници на Република Македонија, тие се луѓе кои си ја продале душата за долари, луѓе кои не бираат средства како да дојдат на власт. Сакаат исто сценарио од 2001-ва. Нивниот обид сега е да ставиме рака меѓу себе, Македонци меѓу Македонци да се тепаме, вели Пандов.

 
 
13.04.2016 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа