Протест пред Народната канцеларија на Иванов во Скопје

 Во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва во центарот на Скопје се одржува  протест во знак на револт од вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.

Протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на неговата работа, а продолжи пред Народната кланцеларија на Претседателот, кон која учесниците фрлаат јајца и камења. Бараат оставка на претседателот Иванов, замрзнување на процесот за одржување избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.

Полициски сили се распоредени на патот меѓу Канцеларијата и Собранието на РМ, каде се одржува протест во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). 

По одлуката на претседателот Иванов вчера претставници протестираа пред Владата, а граѓани протестираа и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и Народната канцеларија на претседателот.

 
 
13.04.2016 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега