Михајловски: Да престанат да се аболицираат оние кои го почнаа државниот удар (ВИДЕО)

Има една суштинска разлика меѓу нас и нив, тука се сите Македонци, а таму некаде се собрани бивши југословени кои сакаат да живеат во мртва држава. Каде се тие, таму и ние, оти не се само тие народ во оваа земја. Нас нè интересира само Република Македонија и нема да дозволиме никој да чепне ниту една буква од тоа свето име. И како што кажа колегата од границата „Ова е моја земја и јас сум спремен и да умрам за неа“, и ова не е само фраза, вели актерот Тони Михајловски кој е дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Како што беше најавено ГДОМ денес организира протест пред Собранието против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

-Се собравме да им кажеме дека е доста. Господинот Заев два пати аболициран, тој може хет-трик да направи, може и трет пат да го аболицираат. Какво време дојде криминалците зборуваат за чесност, оние кои убиваа зборуваат за невисноста, тие кои ја распродадоа државата зборуваат за зборуваат дека сакаат да ја сочуваат. Е затоа нема да им дозволиме, ќе ја одбраниме оваа земја. Да престанат да се аболицираат оние кои заслужуваат да завршат во затвор затоа што тие го почнаа државниот удар,тие се тие што кои сакаат да го продадат името, посочува Михајловски.

 
 
13.04.2016 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа