Делегација на СДСМ се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Претседателот на СДСМ Зоран Заев со заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска и шефот на правниот комитет Стевица Јосифовски попладнево се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен, неговата заменичка Раул Мурешан и политичкиот аналитичар Саша Пајевиќ.

На средбата, како што соопшти СДСМ, се разговарало за политичката криза во Македонија, како и за одлуката на претседателот Иванов. 

Лидерот на СДСМ посочил дека организирање и спроведување на регуларни избори на коишто ќе биде избрана легитимна влада е единствениот излез од политичката криза во која се наоѓа државата. Заев додал дека со последната одлука на Иванов и избегнувањето за прочистување на Избирачкиот список и медиумските реформи е суспендиран Договорот од Пржино со што не се можни избори на 5 јуни.

Тој ги информирал соговорниците дека како партија покренале постапка за разрешување на Иванов и оти претседателот на Собранието има законска можност и должност да постапи.

 
 
13.04.2016 - 19:01
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа