Вељаноски: Нема уставни и законски можности за свикување седница

Со распуштањето, претседателот на Собранието нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница, информираат од кабинетот на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски по поднесувањето на иницијативата за постапка за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов од страна на пратениците од СДСМ.

Оттаму наведуваат дека се направени консултации со стручните служби на кои уште еднаш било потврдено дека не постојат можности за свикување на ваква седница.

Во ситуација кога Парламентот е распуштен, според Уставот, идна седница може да биде свикана само во случаи на воена опасност и вонредна состојба, односно природна непогода или епидемија. 

 
 
13.04.2016 - 14:05
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа