Иванов, Грабар Китаровиќ и Пахор од безбедносни причини не ја посетија кота 59

 

Претседателите на Македонија. Хрватска и на Словенија, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Паход, денеска и покрај најавата и нивно инсистирање, од безбедносни причини не го посетија граничниот камен 59 на македонско-грчката граница, по барање на полицијата.

Како што за МИА информираа од МВР, во 11.30 часот околу 200 мигранти кои биле информирани за најавената посета од страна на тројцата претседатели, почнале да викаат и да го нарушуваат јавниот ред и мир и да се приближуваат кој македонската линија, со цел да го привлечат вниманието од европската јавност. Од страна на полицијата бил употребен солзавец за да дојде до нивно смирување.

Ситуацијата, посочуваат од МВР, е ставена под контрола, откако мигрантите биле информирани дека е откажана посетата на Иванов, Пахор и Грабар Китановиќ.

 
 
13.04.2016 - 12:58
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа