Окрупнување на земјоделското земјиште

Скоро 80 проценти од земјоделското земјиште е приватно. Малите и расцепкани парцели кои создаваат повисоки трошоци се проблем за земјоделците. Со консолидацијата, односно окрупнувањето на земјиштето ваквата состојба треба да се подобри.

traktor

Примена на новиот закон за консолидација која почна минатата година, покажува дека голем број земјоделци се заинтересирани да се вклучат во процесот на окрупнување на земјиштето.

Во селото Егри, битолско 214 земјоделци побарале распределбата на парцелите на вкупна површина од 360 хектари во селскиот атар да се спроведе со изготвување на комплетно нов катастарски план, а во општина Конче пак, окрупнувањето е со размена на приватните парцели.

Досегашните активности се поддржани со техничка помош, односно експерти на Светската Организација за Храна, а до крајот на годинава се очекува консолидацијата да се прошири и во другите региони во државава.

 
 
13.04.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега