ФОТО: Семејството моли за помош - исчезната девојка во Струмица


Апел за помош од родителите на младата девојка Пандева Мануела на која од завчера (11 април) утрото и се губи секаква трага, објави порталот струмицаденес.мк.

Девојката е родена 1999 година и живее во струмичко Пиперево. Откако вчера утрото во 7.30 излегла од својот дом за училиште (девојката е 3-та година во „Димитар Влахов“) се упатила во непознат правец.

Нејзините пријателки не ја виделе тоа утро, а Мануела не била ни во училиште. Исчезнувањето во полиција веднаш го пријавил нејзиниот татко кој рекол дека сигналот на телефонот и се загубил во 5 часот откако цел ден не одговарала на повиците. Мануела од дома била облечена во тексас палто, фармерки и патики.

Се молат сите кои имаат било каква информација да пријават на следниот број 070 348 580.

 
 
13.04.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега