Исполнето уште едно ветување: Се реконструира регионалниот пат во општина Чучер Сандево

Во должина од два и пол километри денеска започна реконструкцијата на регионалниот пат во општина Чучер Сандево, кој ги поврзува населените места во општината со централното градско подрачје.

Реконструкцијата на патот, како што рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, е ветување на Владата при посетата на минатиот месец, а на барање на жителите од Чучер Сандево.

– Ветивме дека веднаш штом ќе почнат асфалтните бази со работа ќе започнеме со реконструкција на патот во Чучер Сандево. Се работи за целосно асфалтирање на коцката што е во надлежност на централната власт преку ЈП за Државни патишта и Македонија пат, појасни Мисајловски.

Информира дека Владата ќе инвестира 30 милиони денари, а реконструкцијата на патот треба да биде завршена до крајот на наредниот месец.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски најави асфалтирање на коцката на улицата „Александар Урдаревски“ која води до општината Чучер Сандево, од почетокот кај улицата „Бутелска“ до првиот влез на гробиштата во Бутел.

– Проектот ќе биде готов до почетокот на мај, а веднаш потоа ќе го распишеме тендерот за градба. Очекуваме градежните работи да започнат во почетокот на јули, истакна Трајановски.

Појасни дека на улицата ќе биде изградена  атмосферска канализација и тротоари.

 
 
12.04.2016 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега