ВМРО-ДПМНЕ: Да нема дилеми - избори на 5 јуни ќе има

Не треба да има никакви дилеми, датумот за избори е веќе договорен, и ќе се одржат на 5 јуни. Ова е заклучокот од денешнта средба на лидерите од Коалицијата за подобра Македонија. Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, по средбата рече дека законите се јасни, Собранието е распуштено, а изборите се договорени на петти јуни. 

Попоски додаде дека право на избор на секоја партија е дали таа ќе учествува на изборите. Според него, ДИК мора да ја заврши работата која ја има согласно закон, и да безбеди непречен изборен процес.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, ги повика членовите на ДИК наместо да го трошат времето на викенди и славење Валентајн, да се фатат за работи, и да не го опструираат процесот. Јакимовски истакна дека ДИК делува како продолжена рака на СДСМ, и дека граѓанитене го поддржуваат нивниот обид, во корист на опозицијата да го проблематизираат избирачкиот список, бидејќи по теренската проверка, стана кристално јасно дека нема ниту трага ниту глас од фантомите на СДСМ, и дека не се појави ниеден случај едно исто лице, да е пријавено на повеќе адреси за гласање.

Владанка Авировиќ од СПМ рече дека изборите и се потребни на Македонија за да се стави крај на кризата и да му се овозможи на бизнисот да се развива непречено.

Лидерите од коалицијата најавија дека изборната програма е во крајна фаза на реализација, и дека во периодот кој следи, ќе почне процесот на промоција пред граѓаните.

 

 
 
12.04.2016 - 14:33
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа