Познат светски режисер почина на проба во МНТ

tomaz_pandur

За време на денешната проба за претставата „Крал Лир“ во МНТ, на 52 години почина истакнатиот словенечки и европски режисер Томаш Пандур, објави Телма.

Како што Телма неофицијално дознава, смртта настапила како резултат на масивен срцев удар. На ова му претходеле болки во градите на кои се жалел Пандур деновиве Од МНТ најавуваат официјално соопштениe.

Пандур беше исклучително плоден режисер чие творештво се темелеше на драмската класика на која и пристапуваше со иклучително уникатен визуелен израз. Негови најпознати претстави се: „Шехерезада“, „Тесла електрик компани“, „Хазардски речник“, „Хамлет“, „Медеја“ и многу други.

Последниве години Пандур живееше и работеше во Мадрид, каде ја основа и приватнaта театарска компанија „Pandur Theaters“

 
 
12.04.2016 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега