На струмичанец му изгоре се што има: Селаните и пожарникарите едвај го изгаснале огнот
Во 11 часот во Ново Село, 76-годишниот Ѓ.А. пријавил дека завчера во 14 часот и 30 минути во неговата плевна лоцирана до неговата куќа во истото село настанал пожар. Со пожарот биле зафатени и целосно уништени трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, добиток, предмети за домаќинство, сточна храна, пет метри кубни дрва дрва за огрев и многу други предмети. Пожарот бил локализиран во 18 часот и 30 часот од страна на екипи на Противпожарната единица од Струмица и Ново Село, како и од дел на месното население.
Причина за пожарот била неисправната инсталација на тракторот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа