СДСМ не оди на избори на 5-ти јуни
Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека неговата партија нема да учествува на претстојните избори.
- Без слободни избори нема слобода. Со месеци се бориме за слободни избори и принцип еден човек-еден глас. Договорот од Пржино беше за таа намена. Никола Груевски го кршеше договорот. Медиумски реформи нема, притисоците траат, избирачкиот список не е пречистен. Во име на граѓаните СДСМ нема да учествува на овие лажни избори, изјави Заев.
06.04.2016 - 23:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа