Жолта фаза: Циклон доаѓа кон Македонија - подгответе се за невреме

Среда е денот од оваа недела кој ќе донесе „најнезгодно“ време. Времето ќе биде типично пролетно-циклонско. Наоблачувањето наутро нема да донесе особен дожд, но затоа околу пладне и попладне со прогресија југозапад- североисток го очекуваме „максимумот“ на атмосферскиот фронт., пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Врнежите ќе бидат локално поинтензивни, но нема да траат особено долго со тој интензитет. Локално се очекува појава на грмежи, но нема да бидат особено чести.

Може да се каже дека југоисточниот крај очекува поинтензивни атмосферски процеси. Овие врнежи нема да претставуваат потенцијален ризик за влошување на хидролошката состојба, односно проблeматично зголемување на водотеците не се очекува.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер низ целата земја. Ветерот ќе има повремен променлив правец во областите со поинтензивни врнежи.

Во текот на вечерта врнежите ќе слабеат и постепено ќе престануваат.

Минималната температура насекаде ќе биде позитивна.

Температурата ќе има максимална вредност генерално во границите од 15°С до 18°С

Во скопскиот регион врнежи се очекуваат околу пладне и попладне. Повремено интензитетот а врнежите во попладневните часови ќе се зголемува, а очекуваме и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. 

 

Максималната температура ќе има вредности околу 16°С.

 
 
23.03.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега