Инфомакс: Заев со пцовки избркан од Македонците во Словенија

На аеродромот во Љубљана слета авионот на Адрија Ерлајнс кој денес полета од Скопје. Во него се наоѓаа 11 члена на УО на ФФМ кои како официјална делегација отпатуваа во Словенија да го проследат јубилејниот пријателски натпревар од „А“ селекциите на Словенија и Македонија кој ќе се одигра утре.

zaev_kolatihomir

Освен тоа што Заев успеа да ги замеша, политизира и дестабилизира сите институции во Македонија, денес тој отворено покажа дека сака да го политизира и спортот, поточно фудбалот, со тоа што заедно со несудениот селектор Тихомир Илиевски заедно одлетал во Словенија, кој откако со години се обидуваше, а не успеа да стане селектор решил да бара помош од политиканти во ликот на Заев, пишува Инфомакс.

Во делегацијата на ФФМ имало членови од цела Македонија, одосно, од источниот регион, од Пелагонија, од Полошко, Кумановско, Струшко. Македонци, Албанци…

-Интересно е тоа што Заев ниту еднаш, ниту во текот на летот, ниту при пасошката контрола, ниту при чекањето на багажот и префрлањето на ВИП паркингот каде што чекале возилата на Фудбалскиот сојуз на Словенија и на општината Копар, тој не се осмелил да се поздрави со ниту еден свој сонародник. Дали се чуствувал посрамотен од тоа што никој не го сакал таму каде што е, или пак решил дека ако луѓето не го поддржуваат не треба да се поздравува со нив, тоа не знаеме. Цело време го криел погледот од делегацијата на ФФМ која се однесувала крајно исправно и достоинствено со Заев. Ваквото негово однесување на крајот резултирало со негодување од Македонците кои патувале на истиот лет, кои со пцовки и плукање го избркале лидерот на СДСМ Зоран Заев од аеродромот Брник, пишува Инфомакс.

 
 
22.03.2016 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега