Груевски: 160 илјади прегледи во рамки на проектот „Рурален доктор“

 Преку проектот „Рурален доктор“, што се спроведува веќе две години, досега се реализирани 160 илјади прегледи. Со проектот  потенцијално можат да бидат опфатени 360 илјади лица во околу 500 населени места. 

- Со проектот е овозможено еднаш неделно медицински тим во којшто има лекар да изврши прегледи и да дадат терапија. Луѓето се многу задоволни, оцени при денешната посета на радовишкиот регион претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Од досега извршените 160 илјади прегледи, осум илјади се во општина Радовиш. Потенцијалните корисници на проектот во над 500 населени места, според Груевски, имаат голема потреба од таква услуга.

- Во минатото каде и да отидовме кога не постоеше овој проект кажуваа дека во нивното село не влегол доктор со години и оти имаат големи проблеми и за најмали здравствени услуги, за примање инекции или слично или за обичен здравствен преглед што може да спречи заболување кое потоа може да се искомплицира и да заврши трагично, изјави Груевски. Дополни оти таквата состојба сега е променета и дека секоја недела медицински екипи ги посетуваат руралните населени места и пружаат комплетна здравствена заштита на населението зависно од можностите. Ако е нешто покомплицирано, рече, даваат совет кај треба да се обратат односно како да постапат.

- Станува збор за еден од најуспешните владини проекти. Успешноста ја ценам според тоа колку луѓето го искористиле и колку тоа им помогнало. Ако имало 160 илјади здравствени прегледи, таков интерес и толкав број прегледи сметам дека сме направиле полн погодок со проектот „Рурален доктор“, рече Груевски

 
 
18.03.2016 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега