Изградба на повеќе инфраструктурни објекти во Радовишко

Во Ораовица е во тек изградба на повеќенаменско игралиште, инвестиција на Општината во износ од 10 милиони денари.

Градоначалникот на Радовиш Сашо Николов го информираше Груевски дека игралиштето ќе биде готово до 15-ти следниот месец. Игралиштето ќе биде со гумирана подлога, трибини и професионално осветлување.

На барање на жителите Општината ќе аплицира за финансии од Владата и за изградба на детско катче. Изградбата, како што беше најавено, ќе треба да почне до десетти следниот месец. Дел од 16-те милиони денари што се одвоени за Општина Радовиш ќе бидат пренаменети за изградба на детско катче

gruevski

Тендерската постапка е во тек и се очекува градбата да почне до крајот на следниот месец. Со финансиска поддршка од Владата, претходно во Ораовица се обновени училиштето и спортската сала, реконструиран е Домот на културата,  изградени четири патишта. Со пари од Владата се гради и патот до манастирот.

На средбата жителите побараа да им се излезе во пресрет за проблемот со впишување во Катастар на 400 од вкупно 600 објекти во селото. Тие кажаа дека го пропуштиле рокот и побараа да добијат таква можност и да се намалат трошоците.

gruevski2

Министерот Мисајловски најави средба со раководството на Катастарот и информира дека за да се реализира барањето на жителите се потребни измени на повеќе закони.

Земјоделците и тутунопроизводителите истакнаа дека се задоволни од исплатата на тутунот. Заменик министерот за земјоделство Костадиновски рече дека досега се исплатени 10 милиони евра за субвенции од кои 2 милиони евра за земјоделците и тутунарите.

 
 
18.03.2016 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега