Трипуновски: Земјоделскиот инспекторат на терен во интерес на земјоделците

- Се скратува рокот за исплата на откупените градинарски култури од 180 на 90 дена со новите законски измени,  продолжен рокот за легализација на земјоделската механизација, а идната недела Министерството за земјоделство ќе го објави огласот за закупот на земјоделското земјиште за три и повеќе хектари,  им порача денеска директорот на државниот земјоделски инспекторат Цветан Трипуновски на земјоделците од Кривогаштанскиот регион.

Според Трипуновски, инспекторатот има редовни средби со земјоделците  со цел поефикасно и пофлексибилно решавање на нивните проблеми. Земјоделците во овој период покажуваат голем инетерес за субвенционираната земјоделска механизација и за закупот на земјоделското земјиште.

- Земјоделците постојано ги следат објавите на Министерството за земјоделство. Интересот за субвенционирање при набавка на земјделска механизација и за закуп на земјоделското земјиште  е огромен. Има многу апликации за „Млад земјоделец“. Идната недела ќе излезе и огласот за распределба на земјоделското земјиште. Огласот е до три хектари и дополнителниот е за закуп на над три хектари земјоделско земјиште, вели Трипуновски.

Земјоделците бараат од инспекторатот поголема контрола на теренот, особено при откупот на земјоделските производи, а откупувачите бараат да се контролираат преработувачките капацитети кои не плаќаат редовно за откупените количества производи. Трипуновски уверува дека се ќе биде во интерес на производителите, а сега главно се фокусирани на квалитетното семепроизводство за новата реколта.

- Изминатиот период, во текот на откупот на тутунот ние постојано бевме на теренот, на откупните пунктови и секојдневно го следевме целиот откуп за да нема несогласување и неправилности. Тоа значи, будно ги следиме сите тековни откупи на земјоделските производи и сме на страната на земјоделците. Трудот на македонскиот земјоделец мора да биде вреднуван правилно. Останатиот дел, што значи за дијалогот меѓу земјоделците и откупувачите и меѓу откупувачите и преработувачката индустрија стоиме на располагање да бидеме медијатор со цел да се изнајде правино и кавлитетно решение за двете страни. Во овој момент повеќе сме фокусирани на пестицидите, на заштитата на растенијата и на семепроизводството и неговиот пласман. Одреденно мало количество семенски материјал кое е затекнато на пазарот е одземено и уништено, но најголемиот дел е согласоно со правилниците кои треба да се исполнуваат, објаснува Трипуновски.

Според Томче Стојчески, контролор во Платежната агенција во моментов континуриано се исплаќаат субвенциите.

- Во тек е исплатата на субврнциите за 2015 година за житните, градинарските култури и за тутунот, за првата фаза откупен до 15 јануари. Како што се обработуваат податоците, така се врши и исплатата. Исплатата се врши континуирано и земјоделците се задоволни, вели Стојчески.

Директорот на државниот земјоделски инспекторат денеска, освен со земјоделците во Кривогаштани, има средби и со производителите во селата Подвис и Бела Црква од истата општина. Во општона Кривогаштани 80 насто од населението се занимава со земјоделство.

 
 
18.03.2016 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега