Најдобрата пријателка на Драган Николиќ не го испрати во вечниот дом - таа отворено зборува зошто не отиде на погреб
Актерката Ева Рас раскажала за “Exkluziv“ за пријателството со покојниот Драган Николиќ и неговата сопруга Милена. Ева во таа прилика открила и зошто не присуствувала на погребот на своите колеги, пријатели и соседи.
- Не, не бев бидејќи повеќе не одам на погреби. Го погребав целото мое семејство и јас не сум појава која може ожалосните да ги утеши. Да ме видеше Милена таа уште повеќе ќе се расплачеше бидејќи нашите трагични судбини се така се поклопуваа, рекла таа.
Ева вели дека следниот погреб на кој ќе отиде е токму нејзиниот.
- Јас ќе одам само на уште еден погреб, мораат да ме закопаат кога ќе умрам и тоа не можам да го избегнам, заклучила актерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа