Ситуацијата не се смирува: На Косово запалени три службени автомобили
Три службени возила се запалени во текот на изминатата ноќ во три града на Косово, јавија медиумите од Приштина.
Едно од возилата е запалено во Урошевац и припаѓало на Институтот за социјални работи. Второто возило е запалено во дворот на Основниот суд. Исто така, запален е и автомобилот кој го користи обвинителот Али Река.
- Автомобилот бил паркиран пред станбената зграда во Митровица во која живее Река. Сведоците тврдат дека виделе три маскирани лица како го кршат прозорецот на автомобилот и во него фрлаат молотов коктел, пренесува Косовапрес.
17.03.2016 - 14:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа