Ужасно семејно насилство: Ја задавил сопругата пред очите на децата
Херберт С (41) својата сопруга со српско потекло Александра С (22) ја задавил во нивниот стан во Виена минатата година.
Во вторникот поливијата направила реконструкција на ова злосторство, па Хербет на полициска кукла покажал како ја усмртил својата сопруга и тоа пред очите на децата.
Имено, тој за време на расправијата и ја ставил раката преку уста и ја притиснал, а според зборовите на соседите меѓу брачниот пар често доаѓало до расправија бидејќи мажот бил алкохоличар.
Сепак, неговиот роднина Георг изнел големи обвинувања на сметка на настраданата жена. Најостро го осуди делото на Херберт , но рекол дека Александра му го уништила животот и само го искористувала.
- Имаше одлична работа во виенската јужна железница, куќа и добара автомобил. Таа била коцкар и непосредно пред убиството искоцкала повеќе од 1.000 евра на автомати. Алекс е по потекло Србинка и се омажи за него поради документи, меѓутоа Херберт се заљуби во неа, но не и таа во него. Иако веќе имала друг го повлече барањето за развод бидејќи и требаа парите на херберт, раскажал роднината на убиецот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа