ФОТО: Рикна протестот на СДСМ- одбраната на институциите продолжува, доаѓаат граѓани од целата држава

Граѓаните вечерва успешо ги одбранија државните институции, а нивната одбрана ќе продолжи и во доцните вечерни часови. Најавите се дека граѓаните ќе подолжат да доаѓаат во знак на поддршка на Уставниот суд. На другата страна, протестот на СДСМ целосно пропадна и не може да се забележат протестанти на опозицијата.

Класичен дебакл на протестот кој вечерва го организираше СДСМ. Ниту еден партиски активист и соросов платеник вечерва не остана, пред Музејот на македонската борба откако увидоа дека граѓаните нема да дозволат Заев пред нивни очи да атакува на државните институции.

rikna

Сите граѓани кои СДСМ со автобуси ги носеше од Струмица и Куманово веќе тргнале кон дома. Си заминува и администрацијата која опозициската партија под притисок денеска ја извади на протестот.
rikna-1

На другата страна пред Уставниот суд од момент во момент доаѓаат се повеќе граѓани и групата се зголемува. Граѓаните таму велат дека се задоволни што успеале вечерва да ги одбранат институциите.

grom

„Нема да дозволиме Заев пред наши очи да ја урива државата. Остануваме тука колку што треба. Секогаш која ќе помислат дека можат да си играат со Македонија нека се сетат дека ние сме тука и тоа нема да го дозволиме“ – велат граѓаните.

 

 

 
 
15.03.2016 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа