Јакимовски: СДСМ сака да се наруши безбедноста во Македонија за да нема избори на 5 јуни

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој го предводи мирниот собир пред Уставниот суд, како што вели, во одбрана на Судот, смета дека протестот од СДСМ за Уставниот суд е дел од едно поголемо сценарио кое треба да се спроведе за да се одложат изборите кои се закажани за 5 јуни.

-Тоа сценарио веќе одамна е напишано, сценарото беше да се влезе насила во Уставниот суд, да се направи овде хаос, дека практично со тоа се руши уставниот поредок. Во исто време бегалците да влезат преку граница и во Македонија да настане безбедносен хаос. Тоа сценарио уште трае со цел да се создаде ситуација во која во Македонија не постојат безбедносни и институционални услови за да се извршат изборите на 5-ти јуни. Но, јас сум убеден дека тоа нема да го дозволиме, истакна Јакимовски во изјава за ТВ Нова.

 

 
 
15.03.2016 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа