Груевски и Заев пристигнаа кај Иванов

Во вилата Водно почна седницата на националниот Совет за безбедност во проширен состав, што ја свика претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. 

На седницата на Советот за безбедност, како што информираат од кабинетот на Иванов, субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и справување со кризната состојба, ќе го информираат претседателот на Република Македонија и членовите на Советот за безбедност за заканата од илегална миграција што доаѓа од територија на Европската Унија и Шенген-зоната, како и со можностите за развој на заканата и зголемување на ризиците.

На седницата на Советот за безбедност се поканети да присуствуваат претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски, претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски,  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и членовите на СБ, Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

Претседателот Иванов, согласно Деловникот за работа на Советот за безбедност, на седницата ги повика и раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Никола Тодоров, министерот за финансии, Зоран Ставрески, заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, директорот на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена, Сузана Салиу, директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанчо Савовски и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Сашо Аќимовски.

На седницата на Советот за безбедност, присутни се и претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, додека од политичките партии ДУИ и од ДПА присуствуваат Талат Џафери и Имер Алиу.

 
 
15.03.2016 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега