ФОТО: Наместо да ги брани Спасовски на протест против институциите

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски наместо да се справува со ситуацијата со мигрантите која излезе од контрола, тргна против народот да ги руши институциите на протестите против Уставниот суд.

Спасовски вечерва можеше да се забележи на протестите организирани од опозицијата, со што само се потврдија пишувањата на дел од медиумите дека главниот ангажман на техничкиот министер е организација на протестите на СДСМ, а не справување со ситуацијата со мигрантите.

Наместо да се појави на јужната граница и лично да изврши увид на состојбата, Спасовски повеќе е заинтересиран околу протестите пред Уставениот суд каде присуствува заедно со Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Додека Грција организира мигрантска агресија врз Македонија, Спасовски врши партиски напад на Уставниот суд.

 

 

 
 
15.03.2016 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа