Полицијата ги запре демонстрантите на СДСМ: Постојано расте бројот на граѓани пред Уставен

Полицијата ги запре демонстрантите на СДСМ пред Музејот на македонската борба. Како што јавува репортерот на Press24 од терен, двете групи ги дели улицата од музејот до хотелот Стоун Бриџ.
Демонстрантите на СДСМ кои вчера преку официјалните портали на партиските организации на социјалните мрежи најавија дека тргнуваат вечерва да го запалат Уставниот суд не можат да го пробијат полицискиот кордон.
Пред Судот се наоѓаат граѓаните организирани од ГРОМ кој дојдоа да ги одбранат институциите. Нивниот број постојано расте. Во секој момент пристигнуваат голем број граѓани кои и се приклучуваат на групата пред Уставниот суд.
Атмосферата во моментов е мирна и без инциденти, а полицијата ја контролира ситуацијата.

 
 
15.03.2016 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега