МАНУ фатена во политички офсајд- призна дека бројчаникот е политичка грешка на Таки Фити

Откако денес соросовите медиуми молњевито ја раширија информацијата дека МАНУ изработила бројчаник објавен на нивната веб-адреса и кој наводно го мерел јавниот долг на Република Македонија, реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.

„Тоа што до вчера политички го туркаа невладините организации и портали на СДСМ и Сорос, стана најновото „научно откритие“ на Таки Фити и на МАНУ, олицетворено во „бројчаник“ кој го мери државниот долг. Истиот „бројчаник“ со кој СДСМ ги манипулираше граѓаните уште во 2014 година.“

„Секој студент на економија знае дека долгот се мери во релативна вредност, а не во апсолутна, но очигледно ваквите факти се мистерија за поранешниот неуспешен министер за финансии Таки Фити. Затоа јавно го прашуваме Таки Фити дали ќе се обиде барем малку да се дистанцира од СДСМ и Сорос и да изработи вистински бројчаник кој ќе покажува секојдневно како расне БДП и корелацијата на БДП и државниот долг? Професорот Таки Фити можеби ја заборавил оваа лекција откако влегол во МАНУ, но тоа не смее да биде оправдување за политичко манипулирање на јавноста и злоупотребувањето на МАНУ во политичка кампања.“, реагираат од владеачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ постави и прашања до претседателот на МАНУ Таки Фити: „Јавно го прашуваме Таки Фити дали МАНУ ќе направи апликација „бројчаник“ за намалување на невработеноста, потоа друга апликација „бројчаник“ за раст на извозот и уште една за раст на индустриското производство? Дали МАНУ ќе направи апликација со „бројчаник“ за бројот на изградени километри патишта, водоводи, канализациони мрежи, реконструирани и изградени училишта, болници, набавени медицински апарати?“

„Последниот чин на МАНУ е партиски и политички, а не научен и се додека академијата не се огради од ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ ќе ја третира како клон на СДСМ и соросовите здруженија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

После оваа реакција, бројчаникот беше отстранет, а МАНУ се дистанцираше од истиот, објаснувајќи дека бил објавен на своја рака од соработник на МАНУ, без консултација со Академијата и дека не ги изразувал официјалните ставови на институцијата.

„Бројчаникот кој го мери јавниот долг на Република Македонија изразен во апсолутни броеви, но и релативно во однос на бруто-домашниот производ на земјата, е изготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања, и е објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на Центарот.“ се вели во официјалното соопштение на МАНУ по повод бројачникот кој се појави на веб-страната на Академијата на Науки и Уметности. Бројчаникот, според тоа, не изразува официјални ставови на МАНУ.“, соопштуваат академиците.“

 
 
15.03.2016 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега