ФОТО: Врие пред Уставен суд - над 6.000 му се приклучија на ГРОМ

Над 6.000 лица попладнево застаа во одбрана на институциите и против деструкцијата на најголемата опозициска партија СДСМ. Бројот на поддржувачи на собирот кој го најави ГРОМ, постојано се зголемува.

Повеќе здруженија предвоени од ГРОМ велат дека ќе го чуваат Уставниот суд, а со тоа и уставниот поредок. Тие сметаат дека никој нема право да врши притисок на институциите и да му забранува на уставниот суд да донесе одлука кој треба да си ја работи својата работа

broj-1

 

-Ги повикувам граѓаните собирот да биде мирен, достоинствен да ги одбраниме македонските институции, да не дозволиме врз нив да се врши притисок затоа што ако нема институции, нема ни држава. Затоа што сите оние што се обидуваат да ни ги урнат институциите, да го урнат водството во Р. Македонија сакаат да не постои Р. Македонија. Очигледно е дека граѓаните сакаат да ги одбранат институциите и навистина се наоѓаме во едена шизофрена  ситуација каде што министерот за внатрешни работи на Р. Македонија, кој што Граѓанската опција за Македонија не го признава и тој вечерва ќе протестира, потенцираше Јакимовски.

Тој јавно постави прашање, што ќе прават полицајците кога нивниот министер за внатрешни работи ќе тргне да протестира против највисоката институција во Р. Македонија, Уставниот суд.

protest-1

-Тоа значи дека граѓаните ќе бидат подготвени со жив штит  да си ги бранат сопствените институции ако ја сакаат сопствената држава без разлика дали некој во моментов ја извршува функцијата министер или било што. Напротив јас сметам дека оние што се наоѓаат на највисоки државни функции треба да создаваат ред и поредок и да допринесат за смирување на тензиите во Р. Македонија и надминување на оваа политичка криза во која се наоѓа нашата држава, рече Јакимовски.

 

ustaven

 

 
 
15.03.2016 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега