Британскиот министер за Европа во дводневна посета на Македонија

Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон утре и задутре ќе престојува во работна посета на Македонија.

За време на посетата министерот Лидингтон ќе има средби со заменик претседателот на Владата задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и со лицата задолжени за прашања поврзани со мигрантската криза, соопшти Британската амбасада во Скопје.

Лидингтон утре ќе учествува на Форум на цивилното општество во ЕУ Инфоцентарот во Скопје. На овој форум ќе учествуваат претставници на невладини организации, академици, активисти и влијателни лица од онлајн заедницата. 

 
 
15.03.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа