Додека мигрантите направија упад во државата, Спасовски спроведува деструктивно сценарио на СДСМ

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, наместо да се занимава со мигрантите кои направија упад во државата, негов фокус е рушење на Уставниот суд и институциите.

oliverspasovski-mvr-luksuz

Додека главната активност на Спасовски се протестите на СДСМ пред Уставниот суд поради ситнопартиски интереси и манипулации, над 1000 мигранти направија груб упад на македонска територија. Локалното население остана незаштитено, но Спасовски си го работи сценариото на СДСМ.

Групата на мигранти повеќе од 4 часа се движела кон Македонија, полицијата под команда на Спасовски не се ни обиде да ги спречи во тоа, па тие навлегоа длабоко во македонска територија.

Додека локалното население живееше во страв, главните активности на Спасовски беа спроведување на деструктивно сценарио. Тој се занимава со протести, наместо со безбедноста на населението.

Ова не е прв пат, Спасовски да ги остави граѓаните на ризик и небезбедни. Тој дозволи рушење на темелите на крстот во Бутел и додека Албанците дивееја и ги сквернавеа темелите, полицијата ја насочи кон локалното македонско население.

Пред ова немило сценарио, главна активност на Спасовски му беше поддршка на Чаушот кој е соработник на Заев, и неговата фабрика за афери.

Додека мигрантите вршат инвазија во земјава, експонентите на СДСМ наместо да ја заштитат државата, тие се закануваат со леење на крв по улиците и со физичка пресметка со уставните судии.

Вработен во МВР и член на ИО на СДСМ, Едмонд Адеми испрати јасни закани:

edmond-ademi-fb

СДСМ и СОРОС на своите протести злоупотребија лице да вреска пред Уставниот Суд, врвна институција на системот, да ја навредува истата, да ги омаловажува судиите и да се заканува дека „на клоци и за уши ќе ги бркале” од канцелариите.

-На крстови, на орли, на лавови и на какви се не измислици. За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа врата! Ова не е уставен суд, ова е у**ан суд!, изјави Димитриевски.

 
 
15.03.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа