Се огласи и компанијата на претепаниот таксист

Компанијата во која работи 53-годишниот таксист кој во средата наутро ја превезол дома Стефани Б. (20), која се самоуби само неколку часа потоа. Се истражува дали има вистина во сомневањата дека ја силувал младата девојка, односно зошто бил натепан од пријателот на мајката на Стефани. Од компанијата за Утрински весник велат дека нинивот вработен е невин, а тоа наводно го потврдиле и ДНК резултатите, пишува Утрински весник

„Тој човек кај нас работи со години, станува збор за чесен работник и воопшто не се сомневавме дали е виновен. Му беше земен материјал за ДНК- анализа, која докажа дека е чист. Подготвуваме тужба против мајката на девојката, која со своите лажни тврдења нанесе штета на целиот еснаф“, велат во скопската такси-компанија за Утрински Стефани Б. во петокот беше погребана на гробиштата во Бутел. Нејзината смрт и натаму предизвикува огромно внимание во јавноста поради низата контроверзии.

 
 
14.03.2016 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега