Попоски: Отворање на преговорите со Македонија ќе помогне за стабилен Балканот

 

Отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија е фактор за обезбедување на долготрајна стабилизација и просперитет на Балканот. За тоа сведочи и седмата последователна препорака од Европската комисија за почеток на преговорите, долгогодишните реформи како и одговорноста што ја покажуваме при справувањето со мигрантската криза, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на вчерашниот неформален министерски состанок во Виена.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, министерскиот состанок го отворил австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој порача дека Австрија останува посветен партнер на Република Македонија во евро-атланскиот интегративен процес.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за Македонија, истакна дека успешно спроведување на изборите во јуни и фокус на клучните реформи е темел за напредок на нашата држава во евроинтеграциите

 
 
14.03.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа